Грожан покажа како му изгледаат рацете по страшната несреќа во Бахреин (ФОТО+ВИДЕО)

Роман Грожан доживеа страшна несреќа пред еден месец во трката за Големата награда на Бахреин, кога се удри во заштитната ограда, а потоа болидот експлодираше.

За среќа, Грожан остана свесен по судирот и успеа на време да реагира и со помош на персоналот на патеката да избега од запалениот болид.

Францускиот возач помина одредено време во болница, а имаше изгореници по телото и неговите раце, а сега реши да покаже како му изгледаат по речиси еден месец.