ГН на Бахреин во Ф1 ќе се одржи без публика

Втората сезонска трка во Формула 1 шампионатот, Големата награда на Бахреин ќе се одржи, но без присуство на навивачи на трибините на патеката.

Организаторите на трката се плашат од ширење на коронавирусот во земјата, па затоа не сакаат да ризикуваат во земјата да доаѓаат навивачи ширум целиот свет. 

„Да го балансираме здравјето на навивачите е голема одговорност. Со оглед на глобалното ширење на вирусот Ковид-19, организирање на вака голем спортски настан, кој е отворен за публика од целиот свет и дозволува луѓе од целиот свет да контактираат еден со друг, не би било правилно во овој момент. За да не страда спортот, ниту пак глобалната навивачка база, трката ќе се одржи, а навивачите ќе можат да ја сладат преку малите екрани“, велат организаторите на ГН на Бахреин.

Трката ќе се одржи на 22 март, само седум дена по премиерната трка во Австралија, која засега ќе се одржи според планот, со присуство на навивачи. Поради коронавирусот одложена е трката за ГН на Кина, што требаше да се одржи на 19 април.