Формула 1 за две трки подготви дури 10.000 тестови на Ковид-19

Организаторите на првите две трки во Формула 1 подготвија 10.000 тестови за коронавирус. Трките се закажани за 5 и 12 јули на патеката во Шпилберг, а тестови ќе се прават двапати дневно и лабораторијата ќе врши тестирања на секои 24 часа.

Резултатите ќе бидат достапни 16 до 24 часа по тестирањето на лицата. Исто така, објавено е дека на трибините може да влезат само 3.000 луѓе и сите мора да имаат негативен тест на Ковид-19, кој не е постар од четири дена.

Ф1 ги презема сите потребни мерки за да може да ги заштити натпреварувачите од опасната пандемија.