Фетел ги сподели очекувањата: Во Бразил постојано нешто чудно се случува!

Четирикратниот шампион во Формула 1 и член на Ферари, Себастијан Фетел, ги сподели своите очекувања за трката која ќе се вози следниот викенд на патеката „Интерлагос“ во Бразил. 

Германецот истакна дека е возбуден од оваа трка бидејќи постојано нешто се случува. 

Трката во Сао Паоло секогаш излегува дека е посебна. Сè може да се случи таму. Не знам зошто, но нешто чудно постојано се случува на таа патека. И ако за една година немаше ништо, тогаш тоа сигурно ќе биде следната. Во принцип, трката на Интерлагос е добра за нашите автомобили изминатите неколку години. Се сеќавам дека добро настапивме овде, Кими беше на подиум минатата година, а пред неколку години победивме тука. Се надевам дека овој викенд среќата исто така нема да не одмине, изјави Фетел.

Германецот моментно е на петтото место во генералниот пласман, додека Луис Хамилтон од Мерцедес на минатата трка ја освои шестата шампионска титула.