Ферстапен го издржа притисокот од Саинц и славеше во Канада

Актуелниот шампион Макс Ферстапен славеше на трката за Големата награда на Канада, откако беше побрз од возачот на Ферари, Карлос Саинц, додека трет заврши Луис Хамилтон.

Холанѓанецот ја запиша шестата победа оваа сезона, па така ја зголеми предноста пред Шарл Леклер од Ферари, кој почна претпоследен, а на крајот заврши петти, додека четвртата позиција му припадна на Џорџ Расел.

Следната трка се вози на „Силверстоун“ за Големата награда на Велика Британија.