Ферстапен со прва пол-позиција во кариерата на „Хунгароринг“

По победата минатата недела во Германија, Макс Ферстапен денеска стигна до пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Унгарија во Формула 1.

Возачот на Ред Бул за прв пат во кариерата беше најбрз во квалификациите откако извозе круг со време од 1:14,572 минути и воедно постави нов рекорд на патеката. Холанѓанецот ги победи двата болиди на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон. 

Потоа следуваат двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел. Пјер Гасли од Ред Бул ќе стартува како шести, а до десетото место се пласираа двоецот на Мекларен, Ландо Норис и Карлос Сајнц, Роман Грожан и Кими Раиконен.