Ферстапен славеше во Мексико и испиша нова историја во Ф1
Пилотот на Ред Бул трката ја заврши пред ланскиот голем ривал Луис Хамилтон од Мерцедес, додека место на подиумот имаше и за неговиот тимски колега Серхио Перез.
Интересно е тоа што Ферстапен сруши уште еден рекорд во Ф1 и тоа за најмногу освоени поени во една сезона. Тој сега во генералниот пласман има 416 бодови на две трки до крајот. Претходно рекордот го држеше Хамилтон со 413 бодови во 2019 година.
Денеска четврти финишираше Џорџ Расел од Мерцедес, а зад него беа двајцата пилоти на Ферари, Карлос Сајнц и Шарл Леклер. Во поени влегоа и Даниел Рикардо, Естебан Окон, Ландо Норис и Валтери Ботас.