Ферстапен побрз од Леклер и Саинц во Мајами

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен имаше одличен старт на трката за Големата награда на Мајами, па ги премине двата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц.

Ферстапен по преземање на водството не им дозволи на ривалите да го преминат, иако проблем му направи „жолтото знаменце“ по судирот на Ландо Норис, кој предвреме ја заврши трката, а тоа му дозволи на Леклер и Саинц да му се приближат.

Леклер даде сè од себе и неколку пати го нападна шампионот, но Ферстапен успешно се бранеше, додека Саинц имаше проблеми со Серхио Перез, но сепак го одбрани третото место и се искачи на подиумот.

Веднаш зад оваа четворка завршија двата возачи на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон.