Ферстапен му покажа среден прст на Хамилтон, па го нарече – идиот (ВИДЕО)

Холанѓанецот Макс Ферстапен и светскиот првак Луис Хамилтон водат жестока битка сезонава за титулата во Формула 1, па веќе имаа неколку меѓусебни инциденти и во пресрет на утрешното гранпри во Остин (Тексас) повторно се најдоа во центар на внимание.

На вториот слободен тренинг пред гранприто, Ферстапен му покажа среден прст на Хамилтон, а потоа преку тимското радио посочи дека е идиот, откако на стартно целната рамнина возеа паралелно, па ниту еден од двајцата не сакаше да подзапре пред свиокот.

Ова е само најава за пеколна борба и денеска на квалификациите, а и утре на самата трка.