Ферстапен казнет со три позиции, Леклер ја доби пол-позицијата во Мексико

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен нема да стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Мексико, која се вози вечер. Тој имаше најдобро време во квалификациите, но беше казнет со три позиции поради жолто знаменце.

Ферстапен два часа по завршувањето на квалификациите беше на сослушување кај судиите, по што ја доби казната.

„Возачот на болидот 33 (Ферстапен) призна дека бил свесен дека болидот 77 (Ботас) излетал и видел болид левоод патеката, но не бил свесен за жолтото знаменце. Исто така, призна дека не ја намалил брзината во тој дел од патеката. Кога ќе се земе тоа во предвид, тој добива пад од три позиции и два казнени бода“, објасни судијата.

Тоа значи дека првата позиција ќе ја доби Шарл Леклер од Ферари, а по него ќе бидат Себастијан Фетел и Луис Хамилтон.

Да потсетиме, трката во Мексико се вози вечерва од 20.10 часот.