Ферстапен и Перез ќе тргнат од првиот ред во Абу Даби

Возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез беа најбрзи во квалификациите за последната трка за оваа година, која ќе се вози во Абу Даби.

Шампионот во Ф1 испиша историја во Абу Даби, откако стигна до третата пол-позиција по ред за последната трка, а исто така ова ќе биде 25. пат како Ред Бул има еден-два старт во „најбрзиот циркус“.

Зад возачите од Ред Бул следат Шарл Леклер и Карлос Саинц од Ферари, а во топ-10 на квалификациите завршија и Луис Хамилтон, Џорџ Расел, Ландо Норис, Естебан Окон, Себастијан Фетел и Даниел Рикардо.