Ф1 ќе ги казнува сите кои ќе ги посетат стујардите без дозвола!

Раководството на Формула 1 ги предупреди екипите дека би можеле да бидат казнети ако ги посетат стујардите без да добијат дозвола. Казните може да бидат парични, одземање бодови, па и дисквалификација.

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес и Кристијан Хорнер од Ред Бул ги посетија стујардите на трката за Големата награда на Велика Бритаија во период кога трката беше прекината поради инцидентот меѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.

Во комуникацијата за време на трката, Волф кажа дека испратил мејл до стујардите, додека директорот на трката му кажа дека може слободно да ги посети стујардите.

Доколку во иднина некој влезе кај стујардите, а притоа не добие дозвола од директорот на трката, тогаш ќе следат жестоки казни.