Ф1 го објави календарот за 2022 година - ќе има 23 трки!

Формула 1 вчера го објави календарот со трки за 2022 година, а во следната сезона ќе има рекорден број, односно ќе се вози на 23 патеки.

Сезоната ќе почне на 20 март во Бахреин, а ќе заврши во Абу Даби на 20 ноември, додека Мајами ќе биде домаќин на една од двете трки кои ќе се возат во САД.

Трката за Големата награда на Кина нема да се вози ниту во 2022 година, па повторно како замена ќе биде Имола.