Ептен не се сакаат: Ферстапен одби да се прска со шампањ со Хамилтон (ВИДЕО)

Синоќешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија на патеката во Џеда, која заврши со триумф на Луис Хамилтон, долго ќе се памети поради неколкуте судири со болидите на Британецот и неговиот најголем конкурент, Макс Ферстапен, кој дури во финишот испадна од трката за првото место.

Ваквиот расплет на настаните најави голема драма за последната трка од сезоната, следната недела во Абу Даби, во која двајцата ќе влезат со идентичен број бодови – по 369,5. А, најголем доказ за огромниот антагонизам меѓу двајцата возачи беше церемонијата на прогласување на најдобрите.

Во моментите кога Хамилтон го доби победничкиот пехар и го почна славеничкото прскање со шампањ, Холанѓанецот „студен како шприцер“ само го напушти подиумот и си замина, покажувајќи дека нема намера да дели вакви емотивни моменти со својот најголем непријател.