Еклстон открил каква е вистинската состојба на Шумахер!?

Наскоро се очекува објавување на документарниот филм за Михаел Шумахер, а кратка најава ќе може да се види на социјалните мрежи.

Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање на крајот на 2013 година и од тогаш никој не знае во каква состојба се наоѓа. Неговото семејство не дозволува информациите да излезат во јавност, а само одредени личности може да го посетуваат.

Една од најавите за документарецот беше објавена неделава, која ги загрижи фановите на легендарниот возач во Формула 1. Во документарниот филм се појавува и Берни Еклстон, кој со години беше еден од водечките луѓе во Ф1.

Неговата изјава од документарниот филм се појави во најавата, па многумина заклучија дека Шумахер не е во добра состојба.

„Шумахер не е со нас, но на сите прашања кои ги имате, тој сам ќе ги одговори. Секако, кога ќе оздрави“, кажа Еклстон.