Два тима во Ф1 се тепаат кој да го „грабне“ синот на Шумахер

Прашање само на време е кога синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик ќе влезе во Формула 1, па веќе два тима од најбрзиот автомобилистички циркус веќе се „тепаат“ кој да го земе во своите редови за идната сезона.

Шумахер јуниор досега беше дел од програмата на Ферари во својата „фабрика за возачи“, па долгорочно „црвениот барон“ секако размислува во своите редови да го има Мик, но за почеток веројатно ќе вози за помали тимови за да стекне искуство пред да седне во болидот на италијанскиот автомобилистички великан.

Алфа Ромео и Хас, двата Ф1-тимови кои тесно соработуваат со Ферари сега се кандидати и се „тепаат“ за да го имаат Шумахер.

Алфа Ромео повеќе не смета на Антонио Џовинаци, па Шумахер го планираат покрај Кими Раиконен, додека Хас веќе најави дека ќе бара нов двоец, со прекин на соработката со Кевин Магнусен и Роман Грожан, поради незадоволство од резултатите.