Доминација на Ферстапен за нов триумф во Шпанија

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен славеше на трката за Големата награда на Шпанија со што ја зголеми предноста пред ривалите.

Возачот на Ред Бул водеше од самиот почеток до крајот за да стигне до третата победа по ред, а најблиску до него беше Луис Хамилтон од Мерцедес, додека место на подиумот има и за неговиот тимски колега Џорџ Расел.

На четвртата позиција заврши Серхио Перез од Ред Бул, додека петти беше Карлос Саинц од Ферари.