Давидовски и годинава ќе вози во ТЦР Европа

Македонскиот автомоболист Виктор Давидовски серизоно се подготвува за новата сецона во ТЦР шампионатот. Македонецот одново ќе вози за „ПСС“ тимот кој е задоволен со неговите квалитети. 

Во пресрет на новата сезона во ТЦР серијата, Давидовски даде интервју во врска со неговите очекувања за престојните предизвици.



„Го продолжуваме нашиот пат со многу поголеми амбиции и искуство од минатата година. Се надеваме дека ќе ги надоградиме нашите перформасни какошто го направивме тоа во 2018. Верувам во мојата кола и мојот тим. Нашата цел е да го намалиме јазот помеѓу фаворитите и нас и сметам дека имаме потенцијал за такво нешто. Уживаме во секој момент заедно со мојот тим. ТЦР Европа е големо натпреварување, со многу возачи од светска класа, но и такви тимови. Ние сме мал приватен тим, но имаме за цел да го популаризираме“, кажа Давидовски.

Македонецот и оваа сезона ќе вози Хонда Сивик.