Ботас ќе тргне прв на Силверстоун, по него стартуваат Хамилтон и Хулкенберг

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата на „Силверстоун“ со само 0.063 секунди предност пред неговиот колега Луис Хамилтон.

По возачите на Мерцедес следеше Нико Хулкенберг, а во топ-10 се пласираа уште и Ферстапен, Рикардо, Строл, Гасли, Леклер, Албон и Норис.

Трката на Силверстоун се вози утре со почеток од 15.10 часот.