Боксерски најавувач го збуни Перез - не знаеше на која страна да тргне (ВИДЕО)

Организаторите на трката за Големата награда на Лас Вегас го поканија боксерскиот најавувач Мајкл Бафер, а тој направи спектакл, но воедно го збуни и возачот не Ред Бул, Серхио Перез.

Бафер во препознатлив стил го најави Мексиканецот, кој се појави пред него, а потоа се збуни и не знаеше на која страна да тргне.

Перез мислеше дека ќе следи интервју по најавата, па остана да стои, а неколку секунди подоцна праша што треба да прави.