Бизарно: Саинц доби казна од ФИА поради одење во тоалет

Шпанскиот возач од редовите на Вилијамс Карлос Сајнц заработи казна по трката за Големата награда на Јапонија.

Саинц доби парична казна откако на бизарен начин ги прекршил правилата на ФИА во Јапонија. Имено, пред почетокот на трката Саинц задоцнил на изведувањето на националните химни што претставува прекршок на правилата во Формула 1.

ФИА потврди дека Саинц е казнет со 20.000 евра, но 10.000 се условна казна која ќе биде наплатена ако во наредните 12 месеци се повтори прекршокот.

Причина за доцнењето на Саинц е одењето во тоалет.

„Возачот изјави дека непосредно пред изведувањето на химните имал стомачни проблеми кои довеле до доцнење на стартот. Тоа го птоврди и докторот на тимот кој на возачот му препишал и одредена терапија“, стои во соопштението на ФИА.

Инаку, за ваквиот прекршок максималната казна е 60.000 евра, па може да се каже дека Шпанецот и добро поминал.