Бизарно признание: Бев светски првак во мотоциклизам, а немав – возачка дозвола!

Поранешниот светски шампион во Мото ГП, Хорхе Лоренцо, неодамна призна дека во приватниот живот не поседува мотоцикл бидејќи не знае да вози бавно, но и дека во моментите кога бил светски шампион не поседувал валидна возачка дозвола.

Шпанскиот мотоциклист се пензионира по крајот на минатата, а во моментов работи како тест-возач за Хонда.

„Мислам дека не би се снашол во нормално возење, бидејќи никогаш не сум возел мотор бавно. Возачката дозвола ја добив дури кога имав 23 години, а претходно веќе без светски шампион во Мото ГП. Бизарно, нели. Решив да се пензионирам поради фактот што сѐ почнуваше да ме боли. Нормално дека ќе ми недостасуваат трките, особено чувството кога ќе победите. Но, не можете да имате сѐ во животот. Засега сум далеку од помислата за враќање на патеките“, изјави 32-годишниот Лоренцо.

Шпанецот е трикратен шампион во најсилната Мото ГП класа и тоа со Јамаха во 2010, 2012 и 2015 година, додека во 2006 и 2007 година беше шампион во категоријата до 250 кубни сантиметри. Во кариерата возеше за Јамаха, Дукати и Хонда.