Биното откри кои пилоти ќе возат за Ферари следната година

Шефот на Ферари, Матија Биното, истакна дека нема намера да ги смени пилотите Себастијан Фетел и Шарл Леклер за следната сезона.

И покрај тоа што резултатите се далеку од очекувањата за тимот на Ферари, очигледно е дела конструкторите си ја признаа грешката, па слабиот перформанс на болидот нема да влијае со отпиштања на двата пилоти кои сезонава вадат максимум.

Имаме на располагање двајца возачи на висока класа, па не гледам причина да го сменам составот за следната сезона, изјави Биното.

Што се однесува до Леклер, тој добро се справува со притисокот во својата дебитантска сезона Во Формула 1 шампионатот.

Да, тој прави грешки, но се обидува да ги научи и да не ги повтори, додаде првиот оперативец на Ф1 тимот Ферари.