Биното остро одговори на критиките: За вас секогаш не чиниме!

Извршниот директор на Ферари, Матија Биното, одговори на критичарите кои ги доби поради судирот меѓу Себастијан Фетел и Шарл Леклер на трката за Големата награда на Бразил која се одржа минатиот викенд.

Двата пилота на Ферари на последната трка имаа контакт со болидите по кој предвреме ја завршија трката и останаа без пласман.

Кога се обидовме да управуваме со нашите возачи оваа сезона, бевме критикувани за тоа. И сега, кога возачите се слободни да се борат едни со други, повторно почнуваме да бидеме критикуваме и пак не чиниме. Тимот секогаш има причини да дејствуваат на еден или друг начин и да им овозможат на возачите да се борат правилно. Да, се разбира, кога вашите возачи се судираат – тогаш нешто не е во ред. Но, кога возачите имаат слобода да се борат едни со други, тие тоа го прават и понекогаш ризикуваат. Во случајот на трката во Бразил, ризикот беше неоснован, истакна првиот оперативец на Ферари.