Бањаја ќе тргне пред Квартараро во Германија (ВИДЕО)

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја ја освои пол-позицијата на 10. трка сезонава во Мото ГП шампионатот, која се вози во Германија.

Италијанецот стигна до третата пол-позиција сезонава, откако постигна време 1.19.931 во квалификациите, па така зад него ќе тргне Фабио Квартараро, а од третата позиција стартува Жоан Зарко.

Трката за Големата награда на Германија се вози в недела од 14 часот.