Бањаја го освои Силверстоун, ново разочарување за Квартараро (ВИДЕО)

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја победи на трката за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун во Мото ГП шампионатот.

Второто место му припадна на Маверик Вињалес, додека трет беше Џек Милер, а ново разочарување доживеа актуелниот првак Фабио Квартараро кој стигна до осмата позиција.

Трката ја одбележа и падот на Жоан Зарко, кој тргна од пол-позиција и во моментот кога излета беше лидер на патеката.