Бацеки славеше на првото индиско-гран при, па битката за титулата стана неизвесна

Марко Бацеки, возачот на ВР46 е победник на првото историско гранпри во Индија, откако денеска доминантно славеше на трката во Мото ГП, а откако светскиот првак и лидер во генералниот пласман Пеко Бањаја се откажа и остана без бодови, трката за светскиот трон стана многу неизвесна.

Бацеки доминантно извозе од почеток до крај за да запише триумф пред Хорхе Мартин од Д Дукати и Фабио Квартараро од Јамаха, па со второто место на Мартин сега тој заостанува само 12 бода во однос на Бањаја, додека Бацеки е на 44 бода зад лидерот кој има 292 бода во генералниот пласман.

До крајот на сезоната има уште седум трки, а сето тоа е најава за многу неизвесна и возбудлива сезона во трката за светскиот трон во мотоциклизам.

Следно гранпри е во Јапонија идната недела на патеката „Твин Ринг Мотеги“.