Антонели побрз од Верстапен и Хамилтон во квалификациите во Монако

Младиот возач на Мерцедес, Кими Антонели беше одличен во квалификациите за трката во Монако и ја освои пол-позицијата пред Макс Верстапен и Луис Хамилтон.

Антонели постави време од 1:12.051 во квалификациите, додека Верстапен беше побавен за само 0.043 секунди од ривалот од Мерцедес.

Зад нив заврши Луис Хамилтон, додека Шарл Леклер во последниот круг удри во ѕидот и мораше да се повлече од обидот да дојде до пол-позиција.

По нив следат Исак Хаџар, Џорџ Расел, Оскар Пјастри, Ландо Норис, Пјер Гасли и Лиам Лосон во топ-10.

Фото: X/Formula 1