Алфа Ромео следната година ќе има нов тандем, Раиконен - Шумахер

Кими Раиконен ќе остане во тимот на Алфа Ромео и следната сезона во Формула 1 шампионатот, но најверојатно ќе добие нов колега. 

Искусниот Финец ќе го продолжи договорот и за 2021 година, но како тимски колега ќе го добие синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик. Антонио Џовинаци веројатно нема да добие продолжување на соработката, а од Алфа Ромео сметаат дека Шумахер, кој се натпреварува во Ф2 има квалитет да вози и во „големата лига“.

Раиконен, кој е светски шампион од 2007 година има огромно искуство во Ф1 и ќе биде ментор на младиот Шумахер. Финецот има 322 трки во Формула 1, 21 победа, 103 подиуми, а возеше за тимовите на Заубер, Мекларен, Ферари, Лотус, па повторно Ферари и сега во Алфа Ромео. 

Во 2010 и 2011 направи пауза од Формула 1 и се натпреваруваше во рели шампионатот и НАСКАР.