
Албон заврши на интензивна нега поради компликации по операцијата
По операцијата Албон имал несакана реакција на анестезијата што придонело да колабирање на респираторниот систем. Веднаш бил интубиран и ставен на машина за дишење и префрлен на интензивна нега.
Во неделата, тој бил многу подобар и веќе е свесен и се опоравува од операцијата. Се очекува возачот од Тајланд утре да биде отпуштен од болница и да ја продолжи рехабилитацијата во домашни услови.
Од таборот на Вилијамс веруваат дека Албон ќе биде подготвен за следната трка во Формула 1 шампионатот, што се вози во Сингапур на 2 октомври. Изминатиот викенд на „Монца“ во Италија го менуваше Ник де Врис, кој имаше одличен настап на своте деби во Ф1 и го освои 9.место.