Воткинс: Ние сме како Реал Мадрид во ЛШ, ќе победиме в недела!

Шпанија и Англија в недела ќе се борат за титулата на Европското првенство (ЕП), а напаѓачот Оли Воткинс направи интересна споредба пред финалето.

Воткинс беше херој за „Гордиот Албион“ во дуелот против Холандија, а за неговиот национален тим вели дека е како Реал Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Ние сме како Реал Мадрид во Лигата на шампиони. Играме со самодоверба кога топката не е кај нас. Сигурни сме дека ќе постигнеме гол. Тешко е да не победите. Не е важно дали играме лошо, имаме доволно талент да постигнеме гол во секој момент. Очекуваме победа в недела“, кажа Воткинс.

Финалето меѓу Шпанија и Англија се игра в недела од 21 часот.