Македонскиот шампион Вардар пристигна во Трондхајм, на северозападот на Норвешка попладнево, каде утре од 19 часот ќе се соочи со норвешкиот шампион Розенборг во второто коло во групната фаза во најмасовното европско натпреварување.

Црвено-црните по поразот од Зенит со 0-5 на дебито во големото друштво, во Трондхајм допатуваа со желба да ги освојат првите бодови во својата историска сезона, во која самиот пласман во Лига Европа е најголемиот успех на еден македонски клуб во историјата.

Макеоднскиот првак од 19 часот, во терминот на одигрување на мечот ќе го имаат својот последен официјален тренинг пред утрешниот меч, а половина час претходно тренерот Чедомир Јаневски и еден фудбалер ќе ја имаат задолжителната прес-конференција.