Вардар не ја научи лекцијата: За Сосиедад билетите по иста цена како за Зенит!

Македонскиот шампион Вардар очигледно не ја науи лекцијата со полупразната Национална Арена „Филип Втори“ за европското деби во Лига Европа против Зенит, па цените за влезниците за следниот домашен меч со Реал Сосиедад се исти како за првиот меч одигран пред две недлеи.

Црвено-црните ќе го дочекаат шпанскиот тим од Сан Себастијан на 19 октомври од 19 часот на нашиот најголем стадион, а првакот веќе ги пушти во продажба билетите за овој меч по цена од 600 до 1.200 денари во зависност од местото за седење на Арената. Покрај билети за пресметката со Баскијците, Вардар објави дека сите навивачи на клубот ќе може да купат карти и за третиот дуел во групата, инаку последен според распоредот против Розенборг на 7 декември (21.05 часот).

Трибините зад головите, како и најстраничните блокови од двете централни трибини се по цена од 600 денари, блоковите поблиску до централните се по цена од 900 денари, а тие со најубав поглед во среина на најголемите трибини, јужната и северната се по цена од 1.200 денари.

На европското деби на Вардар едвај 15.000 гледачи го проследија историскиот настап, а Арената зјаеше (полу)празна, па овие цени веројатно повотрно нема да донесат поголем број на гледачи на трибините. Вардар очигледно не ја научи лекцијата по првиот меч, иако сопственикот Сергеј Самсоненко призна дека за европското деби затаила „пи-ар“ службата на клубот околу маркетингот за мечот.

Инаку, од пред неколку дена сите кои имаат ваучери за купени сезонски билети за мечевите во Лига Европа може да ги заменуваат за пласифицирани билети на билетарницата на Арената секој ден од 10 до 18 часот и таа замена ќе трае до недела

Вардар за два дена ќе го одигра својот втор меч во групата Л против норвешки Розенборг во Трондхајм (19 часот). На дебито црвено-црните загубија убедливо со 0-5 од руски Зенит.