Вардар молчи, ама Зенит се пофали: На „Филип Втори“ вградиле гол-технологија! (ФОТО)

На денешниот меч првпат ќе играме на стадион на кој има вградено гол-технологија, се пофалија од рускиот клуб Зенит кој вечерва му е противник на Вардар во првото коло од Лигата на УЕФА.

Досега никој од официјалните лица на Вардар не ја споделија оваа информација со јавноста, можеби и не знаат дека стадионот е опремен со најсовремена технологија која одредува дали топката ја минала гол-линијата или не. 

Скопскиот стадион ја немаше оваа технологија порано, а веројатно е инсталирана пред Суперкупот на УЕФА, кој се одржа на 8 август годинава, кога се сретнаа Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.