Вардар ќе се соочи со најтроланиот светски фудбалер – тој е „лорд“ за лудории (ФОТО+ВИДЕО)
Ако Марио Балотели е лидер во глупостите што еден фудбалер со многу пари може да ги направи, еден чекор поназад е Бендтнер, поранешната ѕвезда на Арсенал, Јувентус, Бирмингем, Сандерленд, Нотингем Форест и Волфсбург. Данскиот „лорд“ низ годините остана запаметен како најтроланиот фудбалер на светот, како фудбалер кој до солзи ги смееше фудбалските навивачи со своите антифудбалски потези на мечот, фудбалер кој „од инает“ правеше глупости поради кои од гиганти заврши на норвешките фјордови во Трондхајм.
Кој е Никлас Бендтнер? Го претставуваа како новата данска напаѓачка машина и во Арсенал, каде мина девет години од 2005 до 2014 година даде 24 гола во 108 меча, но три сезони беше позајмуван (во 2006/07 на Бирмингем, а потоа на Сандерленд и Јувентус, кога веќе беше јасно дека Бендтнер со однесувањето го нервира Арсен Венгер), а за репрезентацијата на Данска, за која заигра од 2006 година има 25 гола на 75 меча. Но, наместо неговиот предвидуван развој на кариерата да се развива позитивно, Данецот со лудориите практично си ја уништи фудбалската кариера.
За разлика од многу фудбалски ѕвезди, а Бендтнер сигурно е една, барем ако се погледне чии дресови носел, Данецој јавноста го памети повеќе по глупостите, по „славните изјави“, а најмалку по головите како напаѓач. Еве ги најголемите лудории на човекот кој ќе го напаѓа Вардар вечерва.
1. САКАЛ ДА СИЛУВА ТАКСИСТ!?
Пред три години во Копенхаген, откако не бил дел од Арсенал за дуелот со Баерн Минхен, Бендтнер решил да се позабавува во родниот град. И вообичаено, претерал со алкохолот, па завршил на насловните страни. Бендтнер влегол во конфликт со таксист, а за данскиот весник BT, таксистот прераскажал што се случило: Бендтнер ги соблече панталоните, почна да се трие од прозорецот на таксито и викаше -’ќе те е*ам’. Па уште и го камшикуваше возилото со својот каиш.
„Возам пијани луѓе низ Копенхаген скоро 25 години, но никогаш не сум искусил вакво нешто”, рекол таксистот.
2. ПА ШТО АКО СЕ ПИЈАНЧИМЕ И ПУШИМЕ МАРИХУАНА?!
На Бендтнер во паметот му се забави и девојки, па иако е фудбалска ѕвезда за него „убавата игра“ е во втор, можеби и трет план. Во преден план се забавите, алкохолот и марихуаната. Тј на својот Инстаграм профил стави фотографија со познатиот рапер Снуп Дог и напиша: „Па што ако се пијанчиме, што ако пушиме марихуана, ние само се забавуваме и така треба да биде засекогаш. Живееме сега кога сме млади, кога сме диви и слободни“.
На Бентнер не му доаѓа памет, затоа што данската федерација го суспендираше пред неколку години оти возел мртов пијан во спротивен правец.
3. КОЛКУ ТРЕБА ДА СИ ЛУД ЗА ДА ПРАВИШ РЕКЛАМА НА РИВАЛСКИ СПОНЗОР?
Бендтнер во минатата година доби отказ од германскиот бундеслигаш Волфсбург, кој не можел да го трпи циркусот на данскиот фудбалер. Бендтнер и Волфсбург ја прекинале соработката една ипол година пред истекот на договорот, затоа што наместо на теренот тој повеќе се истакнувал со кршење на клупската дисциплина, неодење на промоција на клубот и дружење со навивачите, но капак на се беше потегот што сите ги запрепасти во Волфсбург. Бентнер се сликаше со најнов модел на Мерцедес, конкурентот на Волксфаген (спонзорот на Волфсбург), па уште на социјалните мрежи напишал со овој автомобил одам на тренинг.
4. БЕНДТНЕР ИМА ЗАШТИТЕН ЗНАК – ЈАС СУМ НАЈДОБАР!
Ако зашитен знак на Марио Балотели беше „зошто секогаш јас“, Никлас Бентднер има - „јас сум најдобар во сè“. И тоа му излезе откако изјави дека силно верува дека ќе биде најдобар стрелец во Премиерлигата и на Светското првенство, а тој даваше гол на секој десети меч. Па така врв на неговите лудории, беше одговорот што му го „спрати“ на Робин Ван Перси откако холандската легенда уловила ајкула. За Бентдтнер да биде покреативен, се сликал со – алигатор. Дека е поопасен во ловот на најопасни животни.
5. СИТЕ НА СТАДИОН, ТОЈ НА АЕРОДРОМ ЧЕКА – УБАВИЦА!?
Откако пред две години не се најде на список за мечот Волфсбург – Борусија Дортмунд, Данецот не се ни појави на стадион, зошто имал подобра занимација. Тој бил на аеродром да чека некоја убавица. Волфсбург тогаш одигра реми со „милионерите“, ама соиграчите немаа поддршка од него.
„Иако не играм вечерва, ова ќе биде добра вечер. Се надевам дека моите колеги ќе победат, а јас? Јас одам на аеродром да соберам една убавица“, си напиша Бендтнер на Твитер пред да почне мечот.
6. СЕ КАНДИДИРАШЕ ЗА ПРЕМИЕР?!
На денот на изборите во Данска, Бендтнер се пофали дека се кандидирал за премиер на државата. Нормално, не формално, ама на јавноста и сподели плакат како кандидат за премиер и тоа со „златната топка“ во рака, најпрестижната награда во фудбалот.
Данската ѕвезда на Розенборг е најтроланиот фудбалер по социјалните мрежи, но ако го нема, тешко дека некој така би ги насмејувал до солзи љубителите на фудбалот. Убаво би било денеска, од Бендтнер да видиме некоја лудорија против црвено-црните, која само ќе го дополни неговото „си-ви“ со антифудбалски моменти.