Варан со порака по елиминацијата на Реал Мадрид: Јас сум виновен! (ВИДЕО)

Реал Мадрид се збогуваше со Лигата на шампиони уште во осминафиналето, откако загуби од Манчестер сити со 1-2 по вторпат.

Трагичар на вечерта беше францускиот фудбалер Рафаел Варан, кој направи две неверојатни грешки при двата гола.

„Сакам да ја презземам одговорноста за ова вечерва. Јас сум виновен за овој пораз и жал ми е поради соиграчите кои се бореа максимално. Грешките на ова ниво скапо се плаќаат“, кажа Варан.