
УЕФА безмилосна: Доживотна суспензија за Азербејџанецот кој бараше да се убијат сите Ерменци!
Ибрахимов е суспендиран поради говор на омраза, ширење на расисизам и неспортски изјави на социјалните мрежи, со тоа нарушувајќи ги принципите за кои се залага УЕФА за почитување, соработка и солидарност. Првиот човек на клубот за односи со јавност во екот на воените дејствија објави дека треба „да се убијат сите Ерменци, мажи, жени, деца, старци...“, но брзо го избриша постот.
Сепак, после пријавата и доказите со „принт сккринови“ од неговите ставови, УЕФА отвори постапка по која експресно беше суспендиран на три месеци, а после комплетната истрага, казната сега е зболемена на доживотна забрана за вршење било каква функција во фудбалот или поврзана со фудбалот во рамките на УЕФА.
Но, од Нион веќе испратиле и допис до ФИФА, оваа суспензија да се прошири на светко ниво. Карабах патем доби и казна од 100.000 евра за неодговорноста на Ибрахимов.