Тричковски е херој на АЕК Ларнака во ремито против Гент (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски беше херојот на АЕК Ларнака во претпоследното квалификациско коло за пласман во групната фаза во Лига Европа, откако погоди за 1-1 против Гент.

Белгискиот тим имаше водство во мечот уште од 26. минута од мечот, па успеваше да му одолее на домашниот клуб до самиот финиш, кога Тричковски одлично се постави во противничкиот казнен простор и со глава го матираше гостинскиот голман за 1-1.