Тренерот на Бодо/Глимт тргнал да го тепа тренерот на голмани на Рома

Најголемото изненадување во вчерашното четврт-финале во Конференциската лига се случи во Норвешка, каде што Бодо/Глимт ја совлада Рома со 2-1. Меѓутоа, драмата не завршила со последниот судиски свиреж, туку натпреварот имал продолжение.

Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, во изјава за „Скај спортс“ откри дека тренерот Шетил Кнутсен бил тој што иницирал пресметка со Нуно Гомеш, тренерот на голманите на „Волчицата“.

„Нешто многу непријатно се случи. Нивниот прв тренер го нападна нашиот тренер на голманите. Прво му рече неколку работи, а потоа физички го нападна. Навистина е жално, бидејќи вакво однесување е навреда за Рома, за играчите и за персоналот. Срамота“, рече Пелегрини.

Рома има седум дена да се подготви за реваншот на „Олимпико“ и да се пласира во полуфиналето.