Традиција веќе 43 години: Во финале на ЕП ќе играат селекции кои се пресметале во групата!

Европското фудбалско првенство има една чудна традиција почнувајќи уште од крајот на 80-те години на минатиот век, кога Холандија стана европски првак на Еуро во Германија во 1988 година – на секои осум години во финале играат екипи кои претходно ќе се сретнат во групната фаза.

На тоа финале на „Олимпискиот стадион“ во Минхен, Холандија со 2-0 го победи тогашниот СССР со 2-0, меч кој го одбележа најубавиот гол во историјата на европските првенства, волејот од мртов агол на Марко Ван Бастен. Претходно, во групната фаза Холандија загуби од СССР со 0-1 и беше втора на табелата.

Оттогаш, на секои осум години, во финале играат два тима кои се сретнале во групите. По Еуро 1992 (победник Данска), на Еуро 1996 во Англија, Германија ја победи Чешка со 2-1 со „златниот гол“ на Оливер Бироф во 95-та минута, откако претходно славеше „елфот“ и со 2-0 во групите. Германија е една од трите случаи кога како првопласирана во последните 43 години стигнала и до трофејот.

Откако Франција во 2000 на Еуро во Холандија и Белгија стигна до трофејот со „златен гол“ на Давид Трезеге против Италија, Грција во 2004 година на Еуро во Португалија направи чудо над чудата со триумфот против Португалија. Осум години после титулата на Германија, Грците прво во групите ја победија Португалија со 2-1, на мечот на кој Кристијано Роналдо го даде својот прв гол на Европските првенства, а потоа славеа и во финалето со 1-0.

Шпанија во 2008 година на алпското Еуро (Австрија и Швајцарија) стигнаа до трофеј без да се соочат во финале со противник од групата, ама четири години потоа или точно осум од грчката епопеја, до втората круна во низа дојдоа против истиот противник со кој играа во групите – Италија.

Со „аѕурите“ во групната фаза ремизираше Шпанија 1-1, а потоа се сретнаа во финалето каде буквално ги распарчија, 4-0 за втора круна.

Еуро 2016 о Франција како по традиција не донесе финале на два тима од иста група, Португалија го освои, па сега според редот, треба две селекции од иста група да се борат за сребрениот пехар на „Вембли“ во Лондон на 11 јули.

Тешко е да се предвиди кој ќе биде првак, ама од старт потенцијално финале според оваа традиција треба да се бара од „групата на смртта“, каде се најтрофејната нација Германија, актуелниот светски првак Франција и европскиот шампион Португалија. За очекување е дека трите ќе поминат понатаму, а бидејќи се меѓу главните фаворити, нема да биде изненадување ако оваа луда традиција – продолжи!