Статистичарите не можат да постигнат, Халанд ги гази и Роналдо и сите! (ФОТО)

Ерлинг Халанд постигна два гола од четирите на Манчестер сити на гости кај Севиља (0-4) и направи нова инвазија на бројките и статистиката, најавувајќи дека ќе биде најголемиот голгетер кој некогаш стапнал на зелениот терен.

Норвежанецот станал првиот фудбалер, кој постигнал голови во дебито во Лигата на шампионите за три различни клуба и со Салцбург во 2019 и со Борусија во 2020 и сега во Манчестер сити. Многу е помало достигнувањето, но сепак е клупски потфат, што стана првиот фудбалер на „граѓаните“, кој се запишал како стрелец и во дебито во Премиерлигата и во ЛШ.

На поглобално ниво, Халанд сигурно е вистинска напаст за мислите на Кристијано Роналдо, кој, не е тајна, си ги сака и одржува индивидуалните рекорди. Тој е најдобар стрелец во историјата на ЛШ, со 140 погодоци, постигнати на 183 меча, што е просек од 0,77 погодоци по натпревар. Меѓутоа, на првите 20 средби во ЛШ од својата кариера, Роналдо имаше постигнато - 0 голови! 

Од друга страна, Халанд синоќа го одигра 20. натпревар и го постигна 25. гол, што ќе рече има просек од 1,25 погодоци по напревар во досегашните средби од престижната конкуренција. Со вакво темпо не само што ќе го урне рекордот на Роналдо, туку ќе постави бројки кои ќе бидат предизвик за многу идни генерации.