Срам за великаните: Бивша Стеауа и Хајдук елиминирани од Европа во – Казахстан!

Поранешна Стеауа, сега ФЦСБ, романскиот великан и екс-европски првак, како и хрватскиот гигант Хајдук Сплит се посрамотија денеска за сите пари во второто коло во Конференциската лига, откако го завршија европското лето по само две рунди, со порази во Казахстан.

Стеауа замина во Карганди кај Шахтер со предност од 1-0, но во продолженијата Романците доживеаа дебакл со поразот со 3-1, откако во регуларниот дел заврши мечот со 2-1 за Казахстанците.

Хајдук, пак, имаше 2-0 предност од првиот меч со Тобол и кога сите мислеа дека сплиќани лесно ќе минат во третото коло им се случи потоп. За 11 минути во вториот дел, Тобол дојде до 3-0 и на чекор до пласман по регуларниот дел, ама Емир Сахити во 94-та минута ги спаси за да обезбеди продолженија, но после истите Тагиберген во 118-та минута ги посрамоти Хрватите.

Тобол победи со 4-1 за да оди во следното коло во третото по ранг натпреварување.