Шок во ПСЖ: Нејмар би можел да биде суспендиран за финалето во ЛШ

ПСЖ синоќа избори прво историско финале во Лигата на шампиони по победата од 3-0 против Лајпциг, но по завршувањето на натпреварот Нејмар направи потег што може скапо да го чини.

Бразилецот сериозно ги прекрши протоколите за заштита од коронавирусот, откако реши да го смени дресот со Марсел Халстенберг од противничкиот табор. Со ова ѕвездата на ПСЖ ризикува да биде суспендиран за големото финале, што е закажано за во недела.

Според препораките на УЕФА, размената на дресови помеѓу фудбалерите е забранета и ризикуваат казна од еден натпревар, како и двонеделен карантин.

Останува да видиме дали УЕФА ќе има храброст да го казни најдобриот фудбалер на ПСЖ за големото финале. ПСЖ вечерва ќе го добие својот противник, откако Баерн Минхен и Лион ќе го одиграат својот натпревар.