Саутгејт пак погоди со измената: Палмер тукушто влезе, го израмни резултатот (ВИДЕО)

Како и во полуфиналето против Холандија, Кол Палмер е херој на навивачите на англиската репрезентација.

На тој меч му асистираше на Воткин за победоносниот гол во 90. минута, а сега погоди три минути откако влезе во игра, како замена за Мејну. Фудбалерот на Челси остана сам на 18-19 метри од голот и со прецизен удар го совлада Унаи Симон.

Неколку минути подоцна Ламин Јамал имаше зицер, но неговиот удар го одбрани Пикфорд.