Саутгејт: Ќе дадам отказ ако не го освојам ЕП 2024

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт планира да го напушти кормилото на репрезентацијата доколку не го освои трофејот на Европското првенство (ЕП):

Англија има една од најдобрите селекции на турнирот, а Саутгејт има јасен план кој ќе зависи од резултатите.

„Ако не го освоиме турнирот, најверојатно ќе заминам. Мислам дека околу половина од тренерите ќе ги напуштат своите позиции по ЕП 2024“, кажа Саутгејт.

Англија на ЕП ќе игра во групата Ц со Србија, Данска и Словенија.