Салах: Зидан беше еден од моите идоли од детството

Мохамед Салах утре ќе биде една од главните закани по голот на Реал Мадрид. Фудбалерот на Ливерпул игра неверојатна сезона, а се очекува токму финалето во Лигата на шампиони да биде негова главна „аудиција“, која би можела да го стави во трката за „Златната топка“ рамо до рамо со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. 

Еѓипќанецот на шпанските новинари им откри дека тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, бил еден од неговите фудбалски идоли како дете.

„Моите идоли беа Франческо Тоти, Роналдо (Бразилецот) и Зинедин Зидан. Моето тогашно размислување беше да одберен тројца фудбалери, кои беа комплетно различни од сите други по стилот на игра“, вели Салах.