Роналдо на загревање нокаутира редар на стадионот во Берн (ФОТО+ВИДЕО)

Кристијано Роналдо постигна гол за водство на Манчестер јунајтед во Берн против Јанг Бојс (1-0), но пред почетокот на натпреварот нокаутирал еден редар кој се наоѓал на стадионот.

Португалецот испратил една топка која завршила во редарот, а тој останал да лежи на подот, по што Роналдо отрча да провери дали е во ред.