
Рома ќе го распродаде „Олимпико“ за финалето во Лига Европа – веќе купени 50.000 билети
Според информациите од Италија, навивачите на Рома кои не успеале да дојдат до влезница за „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта, ќе имаат шанса да го гледаат мечот на „Олимпико“ и тоа за 14 евра за тие со сезонски карти, а 20 евра за секој навивач кој сака да присуствува.
За очекување е дека до среда сите влезници ќе бидат купени, настрана што се очекува барем 20.000 навивачи од Рим да заминат во унгарската престолнина, дел од нив и без влезници само за да бидат близу случувањата во обид да се оствари нов европски успех.
Рома лани во Тирана ја освои Конференциската лига, а сега втора година по ред игра европско финале, сега во Лига Европа, во втората сезона под палката на Жозе Мурињо, а освен пехарот „волчицата“ со победа би обезбедила и учество во Лигата на шампионите во идната сезона.