Реал Мадрид ќе игра во 16-то финале, а пораз нема од – 1981 година (ФОТО)

Најтрофејниот светски клуб Реал Мадрид во Киев на 26 мај ќе го игра своето 16-то финале во најелитното друштво, Лигата на шампионите, поранешниот Куп на европските шампиони (КЕШ) и ќе ја брка својата 13-та европска круна.

Во Европа нема никој како Реал Мадрид. Неговите 12 круни досега, тешко дека ќе може да се достигнат во следните две децении, а во историјата досега само три клуба успеале на мадридскиот великан пред нос да му го земат највредниот пехар. Прва е Бенфика во 1962, втор е милански Интер во 1964, а последен е тимот што може да им биде противник и во Келн – англиски Ливерпул

Последен пат кога Реал Мадрид загуи финале во ЛШ, се случи во 1981 година и последниот херој што го клекнал „кралот“ е Ливерпул. Интересно или не, Ливерпул по триумфот со 5-2 против Рома во првиот меч сега е со една нога во финале, а вечерва ќе треба тоа да се потврди. Инаку оваа сезона полека се пресликува од таа пред 37 години, кога првпат во полуфинале има екипи од четирите најсилни лиги (Италија, Англија, Шпанија и Германија), а полека веројатно тоа повторнување на 1981 година ќе донесе и реприза на тогашното финале.

Оттогаш, Реал Мадрид во шест финалиња по ред на кои играл станал – европски првак. Ова е седмо од враќањето на старата слава во 1998 година, трето во низа, а мадридскиот великан брка историја како прв клуб по речиси четири децении кој направил хет-трик.

Сега останува денеска да го дознаеме вториот финалист и дали ќе гледаме реприза на тоа финале од 1981 година.