Рамос намерно добил жолт картон, УЕФА му подготвува казна!?

Серхио Рамос синоќа го одигра 600. натпревар за  Реал Мадрид во победата против Ајакс (2-1) во Амстердам во осминафиналето од Лигата на шампиони, а доби и жолт картон, а поради него нема да може да настапи во реваншот во Мадрид.

„Дамка“ на победата на „кралевите“ остана изјавата на Рамос за жолтиот картон, кој го доби во Амстердам.

„Би лажел кога би кажал дека не го направив тоа намерно. Не сакам да го потценам Ајакс и да кажам дека сега е готово, но факт е дека ми треба одмор. Ќе го гледам дуелот од трибините“, кажа Рамос.

Не само овој потег на Рамос што би можел да направи проблеми на одбраната на „кралевите“, туку изјавата на Шпанецот привлече внимание од Европската куќа на фудбалот (УЕФА).

УЕФА го казни Хесус Корона од Порто, кој призна дека намерно во групната фаза добил жолт картон, а сега би можело истото да му се случи и на Рамос.